


Семос Едукација е овластен Pearson VUE Select Test Center во Македонија, што претставува повисоко ниво на партнерство со Pearson VUE – глобалниот лидер во спроведување на компјутерски базирани тестирања. Како Select Test Center, Семос Едукација исполнува највисоки стандарди за квалитет, безбедност и корисничка поддршка при спроведување на сертификациски испити.
Во нашиот тестинг центар, кандидатите можат да го тестираат своето знаење и да се стекнат со меѓународно признати сертификати од повеќе од 100 светски познати брендови. Испитите се спроведуваат според строгите правила на Pearson VUE, со видео надзор и ограничен број на испити што може да се испорачуваат на дневна основа, со цел да се обезбеди интегритетот на процесот.
Pearson VUE има повеќе од 4.500 вработени ширум светот и мрежа на тест центри во над 180 земји, со цел развој, испорака и обезбедување на глобални програми за сертификати и лиценци.
Со Certiport Authorized Testing Center (CATC) Семос Едукција нуди Certiport сертификати, како и администрирање на испитите. Certiport е светски лидер во испорака на официјални испити и решенија со практични тестови, наменети за академските пазари, работната сила и конкурентните пазари во техниката. Производите на Certiport се испорачуваат низ мрежа од повеќе од 15,000 партнери од Certiport Authorized Training Centers во 148 земји во светот на 27 јазици. Certiport сорабодува со провајдери на сертификации кои се водечки во индустриите за успешно да ги доведат нивните програми на пазарот. Certiport менаџира водечки програми за сертификација кои вклучуваат:
Семос Едукација е овластен PSI тестинг центар во Македонија. Мрежата на Центарот за тестирање PSI нуди врвно решение за безбедно и стандардизирано тестирање. PSI има 75+ години искуство во индустријата за тестирање, обезбедувајќи над 17 милиони тестови годишно во име на клиентите во индустриите за сертификација, лиценцирање, високо образование и управување со таленти, вклучувајќи ги и секторите на Федералната и државната влада.
Сертификацијата претставува клучен елемент за современите професионалци кои сакаат да го изградат и унапредат своето место во дигиталната индустрија. Таа не само што го потврдува и стандардизира знаењето и вештините на еден стручњак, туку и отвора врати кон неограничени можности за кариерен напредок.
IT сертификацијата е важна од повеќе причини:
Сите овие фактори го прават процесот на стекнување ИТ сертификации важен за многу ИТ професионалци, особено за оние кои бараат работа, сакаат да напредуваат во својата кариера или да ги подобрат своите знаења и вештини.
Закажи средба
Владо Попов
Тест Центар Администратор
+38970327256
vlado.popov@semos.com.mk
Термини
Тестинг центарот е отворен за спроведување на испити од вторник до петок во термини од 10 до 17 часот.